top of page

Њукасл договори уште едно засилување, ќе ги инвестира парите од продажбата на актуелен напаѓач

Њукасл по долго време ќе настапува во Лигата на шампионите, а менаџерот Еди Хау пред себе има важен преоден рок, во кој треба да го засили тимот, внимавајќи и на ситуацијата со финансискиот фер плеј.

Англиските медиуми јавуваат дека премиерлигашот ги договорил сите детали за трансферот на Харви Барнс од Лестер и за овој фудбалер ќе бидат платени 38 милиони фунти.

Барнс фактички ќе биде замена за Алан Сен-Максиман, кој пак решил да прифати понуда од Саудиска Арабија и ќе стане нов соиграч на нашиот Езѓан Алиоски.

Одлуката на Барнс да игра Лига на шампиони наместо во Чемпионшип е очекувана, а во Њукасл ќе помине подобро и со личните финансиски услови, што е и последна пречка пред објавувањето на трансферот.

Премиерлигашот ќе ја поврати инвестицијата со продажбата на Сен-Максиман во Ал Ахли, од каде очекува 40 милиони фунти.


 
 
 

Comments


bottom of page