Search
Љупка Аврамовиќ втора во Белград на меѓународен коњички турнир
Членката на коњичкиот клуб Бравадос од Скопје, Љупка Аврамовиќ, го освои одличното второ место на дводневниот меѓународен коњички турнир во прескокнување на пречки „Отворено првенство на град Белград“, кој се одржа викендов во главниот град на Србија.
Македонската натпреварувачка остварениот резултат го постигна во категоријата „Амазонки“ со височина на пречките 1,20 метри и ширина 1,40 метри.
Аврамовиќ на турнирот во Србија настапи со грлото „Колпо Гросо“.
Г.И.
Comments