,Љубовната соба“ на режисерката Сузана Диневски во официјална селекција на 30 издание на романскиот
,Љубовната соба“ на режисерката Сузана Диневски во официјална селекција на 30 издание на романскиот филмски фестивал Астра Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, Сузи Кју продукција и Аворд филм и видео е избран во официјалната селекција на 30 издание на филмскиот фестивал Астра, кој ќе се одржи во Романија, во трансилванскиот град Сибиу, помеѓу 15 – 22 октомври. Филмскиот фестивал Астра, кој е основан во 1993 година, стана еден од водечките платформи за документарен филм во Романија и Европа. На најдолготрајниот романски филмски фестивал филмовите што се избрани во официјалната програма AFF2023 ќе се натпреваруваат во четири натпреварувачки секции: (Emerging Voices of Documentary, Централна и Источна Европа, Романија и DocSchool). ,,Љубовната соба” се натпреварува во категоријата на Централна и Источна Европа, а филмот беше избран по долг процес на селекција од страна на престижното жири на фестивалот. Режисерката и продуцент Сузана Диневски е поканета да го презентира филмот и да учестува во панел дискусијата за филмот после проекцијата во делот предвиден за ,,прашања и одговори”. Документарниот филм „Љубовната соба“ на Сузана Диневски раскажува две паралелни интимни љубовни приказниво кој главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД Идризово. Филмот го прикажува социјалниот портрет на двете семејства низ призма на интимниот свет од брачните посети во најозлогласениот затвор во Северна Македонија – Идризово, и ефектите што тој ги има врз семејството и нивното непосредно опкружување. Филмот е во режија на Сузана Диневски, која е и продуцент (Сузи Кју продукција), извршен продуцент е Владимир Стојчевски, а филмот е во ко-продукција со Аворд филм и видео. Директор на фотографија е Фејми Даут, а монтажата е на Горан Вуќиќ. Музиката е на Дуке Бојаџиев, менаџер на филм е Горан Стојилковиќ, постерот на филмот е изработен од Коста Лазаревски, и тонски дизајнер е Игор Поповски. „Љубовната соба“ минатата година во март 2022 ја доби наградата Neaniko Plano на ,,Агора Докс”, на фестивалот за документарен филм во Солун, Грција а во периодот од 23 март до 2 април, 2023 година имаше светска премиера на филмскиот фестивал Феникс во Аризона, САД (каде филмот имаше три проекции) во категорија на светски долгометражни фимови и европска премиера на ,,ZagrebDox”, во Загреб, Хрватска (со две проекции) во регионална конкуренција. Беше прикажан на 22 мај 2023 година во Њујорк, во официјална селекција на филмскиот фестивалБиг Епл филм фестивал (Big Apple Film Festival) во познатото кино Cinema Village, кое е едно од најстарите независни кина во уметничкиот дел на Њујорк, познат како Гринич Вилиџ, каде ,,Љубовната соба” беше номиниран за награда. Филмот беше во официјална селекција и на 21-то издание на Глобалниот филмски и музички фестивал Искија, на истоимениот остров Искија во Италија што се одржа од 9 до 16 јули, 2023, а предвидено е учество и намеѓународниот документарен фестивал Пелопонисос, во Каламата, Грција во октомври 2023.
Comments