Search
Љубов на прв поглед: Метју Бродерик и Сара Џесика Паркер
Метју Бродерик се вљубил во Сара Џесика Паркер во моментот кога се запознале. 60-годишниот актер е во брак со Сара од 1997 година и тој признава дека нивната романса била љубов на прв поглед. Запрашан кога станал свесен дека сака да го помине остатокот од својот живот со неа, Метју одговорил: „Првиот пат кога ја видов. Ја здогледав на улица и помислив „Тоа е тоа“. За време на гостувањето во емисијата на Енди Кохен, Watch What Happens, Метју откри и на што најмногу се восхитува кај својата сопруга. „Нејзиниот хумор и на мудроста“, рече тој. Парот има три деца, Џејмс (19) и близнаците Мерион и Табита (12). Сара и Метју неодамна работеа заедно на Бродвеј во комедијата Plaza Suite на Нил Сајмон.
Comments