top of page

Јуниорките минимално поразени од Косово кошарка

Женската селекција на Македонија „Под 18“ години, запиша минимален пораз на гостувањето во Качаник.

Иако водеа 39.минути, избраничките на селекторот Виктор Петровски на крајот загубија од Косово со минимални (71:70).

Нашите девојки имаа добар и ефикасен почеток на оваа „контрола“. Првиот период заврши со водство на Македонија (26:19), а уште подобар резултат имавме на полувремето, плус од 8.поени (42:34).

Во третата четвртина, домашната селекција сима добар дел од негативата, и последната ја дочекаа со минус од три поени (52:49), кој во последните моменти од мечот го претворија во минимален триумф (71:70).

Ања Начевска реализираше 20.поени, имаше и 6.скока и 2. асистенции, Колева го заврши мечот со 16.поени, и по шест освоени и исто толку загубени топки, додека Пислевска додаде уште 15.поени и 5.скока.

Македонската женска јуниорска селекција беше подобра од косовската на првата проверка во Скопје (56:51).

Ова беше и последната контролна средба за оваа наша селекција, која во текот на следната недела патува за Литванија, каде ќе учествува на ЕП од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години.


 
 
 

Comments


bottom of page