top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јуниорите ја запишаа и втората победа на Европското првенство – Дивизија „Б“

29.07.2024 juli Ponedelnik

По успехот во премиерниот меч против Ирска, во вториот натпревар од првата, групна фаза, македонската кошаркарска јуниорска репрезентација имаше одличен почеток, и уште подобар крај, за победа над Босна и Херцеговина (99:87) на Европското првенство – Дивизија „Б“ што се одржува во Скопје.Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

Одлично се одвиваа работите за нашата јуниорска селекција на почетокот на натпреварот против БиХ. Предводени од маестралниот Јаничиќ, кој ги погоди своите први четири обиди вредни по три поени, за седум минути игра, Македонија поведе со двојно поголеми 22:11. Но, уследи сериозен пад во играта, особено во одбраната, што Босанците го искористија максимално. Направија неверојатна серија од 14:0, по која дури и преминаа во водство (25:22), пред Марјановиќ да погоди за 24:25.

Доста поразлично се одвиваа настаните во вториот период. Публиката во СРЦ „Кале“ виде доста поизрамнети минути во кои ниту еден од двата ривали не направи некоја посериозна позитива како што беше нашата во првиот период. По петтата тројка на Јаничиќ, во 16 минута поведовме со 40:36, истата позитива 49:45, ја имавме во последната минута од првото полувреме, кога реализираше Младеновски. Но, БиХ успеа да ни „откине“ два поени пред одморот, за (49:47).

Третата четвртина беше налик на втората, од причина што двете екипи беа околу оној резултатски егал, за што говори и податокот дека постигнаа по 25 поени, доволно за Македонија да ја има онаа предност од првото полувреме (74:72). А потоа дојде на ред четвртината на одлука, во која нашите млади кошаркари ја „репризираа“ онаа првата. И како победничка се покажа нашата серија под 12:2 реализирана во три минути, а по која ја вративме двоцифрената разлика (86:74).

Најефикасен во македонската репрезентација беше Јаничиќ со 31 поен, имаше и четири асистенции и три скокови. Следува Стојковиќ со 18 поени (пет скокови), Марјановиќ реализираше 13 поени, додека Ќирилоски запиша 10. В недела од 18.30 часот, Македонија ќе игра против репрезентацијата на Чешка против која ќе атакуваме на нов успех, кој води кон четвртфиналната фаза на ЕП


1 view

Comentários


bottom of page