top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јуниорите водеа со 17 разлика, но загубија од Австрија

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство-Дивизијата „Б“ во Португалија.

Нашите млади кошаркари загубија од Австрија со 77-74 и тоа во меч во кој во еден момент воден и со 17 разлика. Избраниците на Андреј Апостолски Лечиќ имаа блесоци и падови, не беа константни во играта низ сите 40 минути и тоа ги остави без позитивен резултат на овој меч.

Ова беше втор загубен натпревар за нас на шампионатот на кој следниот испит ни е против Норвешка.

Што се однесува до најдобрите поедници, Шошкиќ имаше страшен меч со 27 поени, 10 скока и 9 асистенции, Луканоски и Иванов уфрлија по 14 кошеви.



1 view

Comments


bottom of page