top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Јуниверзал мјузик“ ќе повлече песни од ТикТок: Социјалната мрежа останува без хитовите на Тејлор Свифт, Дрејк, Адел…

01.02.2024 Februari Cetvrtok

Најголемата музичка компанија „Јуниверзал мјузик“ одлучи да повлече милиони свои песни од ТикТок по неуспешните преговори за плаќање. Оваа одлука значи дека оваа социјална мрежа повеќе нема да има пристап до хитовите на изведувачи како Тејлор Свифт, Д Викенд, Дрејк, Адел и многу други, пишува „Би-би-си“.„Јуниверзал мјузик“ го обвинува ТикТок за „заплашување“ и рече дека сака да плати само „дел“ од цената што ја плаќаат другите социјални медиуми за пристап до нејзиниот обемен каталог. Од ТикТок пак тврдат дека компанијата претставува „лажен наратив и реторика“.

Музичките компании заработуваат авторски права кога нивните песни се пуштаат на стриминг и платформи за социјални медиуми. Иако ТикТок кој е во сопственост на кинеската компанија „Бајтденс“ – има повеќе од милијарда корисници, тој претставува само 1 процент од вкупниот приход на „Јуниверзал“, тврди компанијата.

Во „отворено писмо до уметничката и музичката заедница“, музичката компанија – која контролира околу една третина од музиката во светот – тврди дека „во суштина, ТикТок се обидува да изгради бизнис базиран на музика без да плаќа фер вредност за музиката“.

Исто така, се наведува дека, покрај барањето „соодветна компензација за нашите уметници“, таа се грижи и за „заштита на човечките уметници од штетните ефекти на вештачката интелигенција и безбедноста на интернет за корисниците на ТикТок“.

Компанијата соопшти дека ќе престане да ја лиценцира својата содржина на ТикТок кога нејзиниот договор ќе истече на 31 јануари.

Како одговор, ТикТок изјави дека е „тажно и разочарувачки што ‘Јуниверзал мјузик’ ја стави сопствената алчност над интересите на своите уметници и поети“.

Ова е првпат музичката компанија да го направи големиот чекор да ги повлече своите песни од некоја платформа.

Инаку, музичката компанија зазема доминантна позиција во глобалната музичка индустрија. Таа ги поседува правата на огромен број уметници, од „Битлси“ и „Ролинг стоунс“ до Елтон Џон и Аријана Гранде.


1 view

Comments


bottom of page