Јунајтед со официјално соопштение: Тен Хаг го отстрани Роналдо од првиот тим! (Фото)
Ерик Тен Хаг најави дека ќе се справува денеска со индолентното однесување на Кристијано Роналдо и неговото „бегство“ од теренот пред последниот свиреж на судијата, постапка за која искусниот Португалец доби многу критики и од поранешните легенди кои остварија значајни успеси во Премиер лигата.
Потегот на Роналдо беше окарактеризиран како знак на големо непочитување кон соиграчите и се создаде навистина многу негативна позадина во изминатите 24 часа, а сега сето ова резултираше со радикална одлука на Тен Хаг и директорите на Јунајтед.
Манчестер вечерва излезе со официјално и кратко соопштение, во кое се појаснува дека Роналдо е отстранет од првиот тим на Јунајтед и нема да биде дел од претстојното големо дерби во Премиер лигата.
Роналдо вчера не одигра ниту една минута против Тотенхем и нервозно си замина пред време поради тоа што остана неискористена замена, но сега е јасно дека е отстранет од тимот за дербито со Челси на „Стемфорд Бриџ“.
– Кристијано Роналдо нема да биде дел од тимот на Манчестер Јунајтед за саботниот натпревар од Премиер лигата против Челси. Остатокот од тимот е целосно фокусиран на подготовките за тој натпревар, – гласи краткото соопштение на „ѓаволите“.
Comments