top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јунајтед се ослободува од двајца играчи, па носи засилување на средината на теренот

Манчестер Јунајтед се уште нема завршено со засилувањата во овој преоден рок во кој ги доведе голманот Андре Онана, англискиот репрезентативец Мејсон Маунт и талентираниот дански напаѓач, Расмус Хојлунд.

Премиерлигашот нема тука да застане и желбата е да се освежат уште некои позиции, а меѓу нив е средината на теренот. Менаџерот Ерик Тен Хаг сака свежа, нова крв со тоа што клубот прво ќе мора да се ослободи од дел од актуелниот играчки кадар за да тргне по нови аквизиции.

Планот е јасен, прв треба да си замине Фред за кого најзагреан е турскиот прволигаш Фенербахче. Ослободен треба да биде и Дони Ван Де Бек кој ќе биде испратен на позајмица во Реал Сосиедад по што ќе се оствори простор за оставрување на главната цел, Софијан Амрабат.

Членот на Фиорентина е прв на листата, приоритет за „црвените ѓаволи“ и дефинитивно нема да биде изненадување ако Мароканецот го облече дресот на англискиот великан.


1 view

Comments


bottom of page