top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јунајтед притиска за нов менаџер, сака да биде на клупата за дербито со Челси

29.10.2024 Oktomvri Vtornik

Манчестер Јунајтед реши да го отпушти Ерик тен Хаг во пресрет на дербито со Челси, но раководството инсистира да има нов менџер уште на овој натпревар од Премиер лигата.

Џим Ретклиф и неговите соработници активно работат на комплетирање на договорот со Рубен Аморим и се обидуваат што поскоро да го потврдат новиот предводник, за тој да може да ја води екипата уште на следниот натпревар во првенството.

Премиерлигашот е подготвен да ја плати клаузулата тешка 10 милиони евра за да го ослободи Аморим од обврските кон Спортинг Лисабон, а вечерашниот дуел од Лига купот против Насионал веројатно ќе биде последен за трофејниот тренер во португалскиот клуб.

Медиумите во Португалија тврдат дека делегација на Јунајтед ќе го следи натпреварот во живо, а денеска и утре ќе работи на забрзување на промоцијата на Аморим на својата клупа.

Привремениот наследник на Тен Хаг, Руд ван Нистелрој ќе ја води екипата утре во Лига купот против Лестер, но по се изгледа тоа ќе му биде и единствен натпревар со таква одговорна улога.


0 views

Comments


bottom of page