Јунајтед доби нов напаѓач: Се чувствувам привилегирано, можам да ветам една работа
- Aleksandar Santovski
- Jan 13, 2023
- 1 min read
Екипата на Манчестер Јунајтед и официјално ги засили своите редови, офанзивната линија и тоа со услугите на холандскиот репрезентативец Вут Вегхорст.
Вегхорст беше желба на менаџерот Ерик Тен Хаг, па откако се средија сите детали околу неговиот трансфер тој вечерва беше претставен како нов член на „црвените ѓаволи“.
-Се чувствувам привилегирано што му се приклучувам на Манчестер Јунајтед. Играв против овој клубот во минатото и фантастично е чувството што сега имам шанса да го облечам познатиот црвен дрес. Го видов напредокот на Јунајтед под водство на Ерик тен Хаг оваа сезона и со нетрпение чекам да почнам да ја играм мојата улога во туркањето на тимот кон неговите цели.
-Што и да се случи во следните неколку месеци, можам да ветам дека ќе му дадам се на клубот додека сум тука. Им благодарам на сите што одиграа улога во тоа да стигнам до оваа фаза, а сега со нетрпение очекувам да се сретнам со моите нови соиграчи и веднаш да се вклучам, -порача напаѓачот кој ќе игра во Јунајтед како позајмен играч од Барнли.
Имено Холанѓанецот оваа сезона беше на заем во Бешикташ по што Барнли мораше прво да се разбере со турскиот прволигаш и откако се среди работата, тој доби дозвола за слета на „Олд Трафорд“.

Comments