Јунајтед бара помош од Кејн за да се реализира големиот трансфер
- Aleksandar Santovski
- Jun 22, 2023
- 1 min read
Манчестер Јунајтед сака да ангажира напаѓач во овој летен преоден рок и првата трансфер цел е асот на Тотенхем, Хари Кејн. Кејн има само уште една година од договорот со Тотенхем и наводно не сака да ја продолжи соработката што значи дека ова реално е последна можност за „петлите“ да заработат добра сума на пари за неговите услуги. Меѓутоа претседателот Даниел Леви е тежок човек, преговарач и тоа е познато со години, па и сега се служи со истата тактика и во ситуаци кога може наредната година да го загуби англискиот репрезентативец без никакво обештетување. Според „Сан“, Леви бара дури 100 милиони фунти, сума која Јунајтед на сака да ја плати за играч на кого му истекува договорот во 2024 и воедно наредниот месец ќе го прослави 30 роденден. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да издвојат околу 80 милиони фунти, ама не планираат вечно да чекаат и затоа побарале помош од Кејн да побара трансфер, да проба да ја забрза работата, да се затвори зделката. Клубот од „Олд Трафорд“ не сакаат да бидат вклучени во трансфер сага, поточно да им се повтори случајот од пред неколку години кога Сити притискаше, ама Тотенхем одбиваше да го пушти напаѓачот. Јунајтед веќе има и алтернатива и е спремен да тргне во офанзива за Расмус Хојлунд од Аталата

.
Kommentare