top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јулијана Величковска на Меѓународниот истанбулски фестивал

Македонската поетеса и писателка Јулијана Величковска настапи на отворањето на 13. Меѓународен истанбулски фестивал за поезија и литература, што се одржува од 20 до 25 декември на бројни локации во Истанбул, Турција.

На фестивалот учествуваат поети, прозаисти и музичари од Германија, Турција, Грузија, Палестина, Ирак и Азербејџан.

Фестивалот е во организација на Министерството за култура на Република Турција и на Здружението за поезија од Истанбул, а директор на фестивалот е познатиот турски поет Аднан Озер.

Јулијана Величковска е автор на монографијата „XX години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, ПНВ), стихозбирките „Комарци“ (2010, ПНВ) и „Отворена книга“ (2017, ПНВ Публикации), романот „Годишни времиња“ (2014; 2015; 2017, ПНВ Публикации) и на дваесетина книжевни преводи од англиски, руски, хрватски и црногорски јазик.

Нејзините песни се препеани и објавени на седумнаесет светски јазици.


0 views

Comments


bottom of page