top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јудит Полгар: Шахот е јазик што не познава граници

Updated: Sep 21, 2021

20.09.2021 Septemvri Ponedelnik

ГЛОБАЛЕН ШАХОВСКИ ФЕСТИВАЛ

Глобалниот шаховски фестивал „Јудит Полгар“ се враќа на 9 октомври со сосема нов пристап, прикажувајќи ја мултидисциплинарната природа на шахот преку интерактивни изложби, говори и сеопфатен едукативен самит за шахот, што ќе се одржи во Будимпешта. Првпат посетителите можат активно да учествуваат на Глобалниот шаховски фестивал и онлајн и офлајн, додека Унгарската национална галерија ги одржува локалните настани, а заинтересираните можат во живо да учествуваат на фестивалот удобно од своите домови, преку интернет. Главните фокуси на годинашниот шести по ред фестивал се креативноста и иновативноста, промовирани од револуционерни умови, кои се осмелуваат да ги прекршат конвенциите и да дадат нови одговори на предизвиците од нивните области. Ноам Манела, автор на книгата „Размислувај како машина“, ќе разговара за тоа како можеме да се повикаме на креативноста во себе. Индискиот инженер Ашвин Субраманијан ќе даде увид во новиот експеримент што го спроведуваше, а користејќи податоци за биофидбек тој се обидува да утврди како и на што реагира телото на шахистот за време на играта и како тоа може да се искористи за време на подготовките. Онаму каде што фестивалот го инспирира умот, го смирува духот, преку неспоредливиот музички перформанс на Југа ди Прима на пијано, оддавајќи почит на родовата еднаквост во шахот. – Шахот е јазик што не познава граници, нема возраст, нема националност. Има заеднички јазик што сите го зборуваме, јазик што секој може да го направи свој на Глобалниот шаховски фестивал. Ништо не го покажува тоа подобро од движењето што ги повикува љубителите на шахот, говорниците, уметниците, научниците од целиот свет. Оттука и нашето безвременско мото „Шахот нѐ поврзува“. Годинава решивме да го прошириме фестивалот и во дигиталниот свет, така што повеќето од нас ќе можат да бидат заедно повеќе од кога било досега – вели Полгар (45), пренесува интернет-страницата „Чесбејс“.

Полгар се смета за најсилната шахистка на сите времиња. Во 1991 година таа ја освои титулата велемајстор на возраст од 15 години и четири месеци, во тоа време најмлада, со што го собори рекордот на Боби Фишер. Таа е најмладата шахистка што била меѓу врвните 100 (55-та) на листата на ФИДЕ, во јануари 1989 година со 12 години, единствената жена што надмина 2.700 рејтинг-поени, стигнувајќи на осмото место во 2004 година и 2.735 поени во 2005 година, единствената жена што е рангирана во првите 10 од сите шахисти (1996)… Полгар беше број еден во женскиот шах од јануари 1989 до пензионирањето во 2014 година. Играше и на поединечното ЕП 2001 во Охрид, заедно со мажите. Кулминација на Глобалниот шаховски фестивал е „Едукативниот шаховски самит“, каде што современите мислители го споделуваат своето мислење за врската помеѓу шахот и образованието, а годинешниот глобален шаховски фестивал ќе биде поинтерактивен од кога и да е.


1 view

Comments


bottom of page