top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јувентус разгледува две опции за иднината на Шчесни

Војчех Шчесни од 2017 година е член на италијанскиот великан Јувентус, тим во кој е наметна и веќе со сезони е број еден во Торини.

Полјакот има 33 години и договор до 30 јуни 2025 година, но „бјанконерите“ веќе размислуваат што да прават со него, каков чекор да преземат кога е во прашање иднина.

Според „Калчомеркато“, во таборот на Јувентус гледаат две решенија, првото е долгогодишен договор до 2028 година со намалена плата, а втората е голманот да биде продаден наредното лето.

Меѓутоа средината помеѓу овие две опции може да биде вистинскиот пат за „старата дама“, поточно Шчесни да добие договор до 2026 година и со тоа клубот да има време за да пронајде вистинска замена за него.

Војчех во досегашната кариера има настапува уште за Арсенал, Рома и Брентфорд.


0 views

Comments


bottom of page