top of page

Јувентус потврди дека Погба е суспендиран откако падна на допинг тест

Пол Погба има голем пад на својата натпреварувачка форма, а сега доби и суспензија која ја потврди и неговиот клуб Јувентус.Францускиот играч за врска беше тестиран по натпреварот против Удинезе, по што беше констатирано зголемено ниво на тестостерон.– Фудбалскиот клуб Јувентус на 11 септември 2023 година објавува дека Пол Погба е превентивно суспендиран од антидопинг организацијата поради неговите тестови направени на 20 август 2023 година – стои во соопштението на Јувентус.Французинот има рок од три дена да побара Б примерок од тестот. Доколку примерокот Б сè уште биде позитивен, Погба ризикува максимална суспензија и казна од четири години – со почетна забрана од две години, која може да се удвои ако биде прогласен за виновен дека намерно ја земал супстанцата.Откако ја започна својата кариера во Манчестер јунајтед, Погба го достигна врвот во Торино во својот прв период, каде освои четири титули во Серија А со Јувентус и исто така беше номиниран за „Златната топка“.Во 2016 година се врати на „Олд Трафорд“ како тогаш најскапиот трансфер во фудбалот и ја освои Лигата на Европа со „црвените ѓаволи“. Но, потоа проблемите со повредите оттогаш го натераа да се оддалечи од фудбалот откако го започна и вториот мандат во дресот на „Старата дама“.Еве што кажа и агентот на Пол Погба, Рафаела Пимента.Еве што кажа и агентот на Пол Погба, Рафаела Пимента.

– Ја чекаме контра-анализата и сега не можеме ништо да кажеме. Сигурно, Погба никогаш не сакаше да ги наруши правилата, тоа можам да го гарантирам – рече Пимента за „Тутоспорт“.









 
 
 

Comentarios


bottom of page