Search
Јувентус испрати уште двајца фудбалери на заем во Серија А
- Aleksandar Santovski
- Aug 31, 2022
- 1 min read
Во периодот кога Јувентус конечно го договори трансферот на Леандро Паредес, мора и да го намали ростерот пред крајот на преодниот рок.
Макс Алегри има поголем број фудбалери од тие на кои може да им обезбеди солидна минутажа, па затоа денеска се официјализирани две заминувања на заем во ривалски клубови.
Талентираниот Николо Ровела веќе ги одработува лекарските прегледи во Монца и ќе му се приклучи на новиот член на Серија А, а „бјанконерите“ најдоа ново привремено решение и за Марко Пјаца.
Хрватот беше поврзуван со враќање во Динамо, но очигледно не сака да ја напушти Италија и оваа сезона ќе настапува за Емполи.
Ровела минатата сезона настапуваше за Џенова, додека Пјаца наназад беше позајмуван во Торино, Џенова, Андерлехт и Фиорентина.

Comments