top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јувентус за нецели 24 часа загуби и втор фудбалер на подолг период

Вестон МекКени ќе паузира неколку месеци по повредата на ногата заработена вчера на дуелот со Вилјареал, а денеска Јувентус доби уште еден удар.

Се работи за засилувањето Кајо Жорге, Бразилецот кој пристигна од својата татковина како голем потенцијал, но досега не доби вистинска шанса во составот на Макс Алегри.

Жорге денеска настапувал за У23 тимот на Јувентус и заработил повреда на коленото, поради која морало да биде изнесен од теренот на носилки.

Првичните прогнози се дека се работи за посериозен проблем и младиот Кајо ќе паузира подолг период и веројатно ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната.

Бразилецот не е пријавен за настап во Лигата на шампионите, а досега добиваше минимална минутажа во Серија А.


1 view

Comments


bottom of page