top of page

Јувентус го потврди наследникот на Комоли, позната и отштетата за Французинот

12.06.2026 Juni Petok

Раководството на Јувентус денеска официјално стави крај на соработката со досегашниот Извршен директор, Демиен Комоли и го потврди неговиот наследник.

Тоа ќе биде во италијанската фудбалска јавност, добро познатиот Џовани Карневали, кој долги години ја извршуваше функцијата во Сасуоло и успеваше да состави респектабилни тимови со скромен буџет.

Комоли и Јувентус спогодбено ја завршиле соработката која траеше само една сезона, а медиумите тврдат дека на досегашниот директор му пресудил неуспехот да го обезбеди потписот на Алисон од Ливерпул.

Комоли и онака направи многу трансфер промашувања во пресрет не неуспешната сезона, а заглавените преговори со Алисон само го увериле менаџментот дека треба да бара друго решение.

Карневали работеше во Сасуоло од 2014 година, важи за еден од најдобрите менаџери на „чизмата“, а Комоли заминува со отштета од 850.000 евра, по која нема да има никакви други финансиски барања од Јувентус.


 
 
 

Comments


bottom of page