top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јувентус го договори Милик, полскиот напаѓач се враќа во Италија

Вчерашните најави дека Јувентус е блиску до договор со Аркадиуш Милик, денеска се потврдени од извори блиски на фудбалерот и тој е веќе на пат кон Торино. Полскиот напаѓач ќе го напушти Олимпик Марсеј каде пристигна од Наполи и ќе стане нов член на екипата предводена од Макс Алегри. Милик ќе добива плата од 3,5 милиони евра, а првата сезона ќе настапува како позајмен играч за кој Јувентус ќе плати 1 милион евра. Францускиот клуб ќе добие дополнителни 7 милиони евра следното лето, кога Јувентус ќе треба да го откупи договорот на полскиот фудбалер. Двата клуба ги разменуваат потребните документи за административно решавање на случајот, а Милик се очекува во Торино уште денеска.


1 view

ความคิดเห็น


bottom of page