top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јубилејно видео „15 години Факултет за арт и дизајн“

Годинава што изминува беше јубилејна за Факултетот за арт и дизајн и во неа се одбележа 15-годишното постоење и успешно работење во едуцирањето на кадри од областа на графичкиот, модниот и ентериер дизајнот.

Јубилејот беше одбележан со ретроспективна изложба, која од 5 јули до крајот на годината го претстави досегашното творештво на студентите во просториите на Европскиот универзитет во Скопје.

Јубилејната година и изложбата се заокружуваат со ова видео, преку кое се потсетуваме на бројните изложби, модни ревии, работилници, признанија и награди кои се дел од историјатот на Факултетот, како и на делата од ретроспективната изложба и модната ревија што се одржа на отворањето.

Изложбата беше поддржана од Министерството за култура, преку Годишната програма на проекти од национален интерес во културата од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2021 година.


0 views

Comments


bottom of page