top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јубилејниот трофеј за Ирецот Мегваер

Updated: Nov 16, 2021

15.11.2021 Noemvri Ponedelnik

БОКС – 50. „ЗЛАТЕН ГОНГ“

„Златниот гонг 2021“, традиционален боксерски турнир, кој јубилеен, 50-ти пат се одржа во Скопје, му припадна на Лук Глен Мегваер од Ирска, кој во финалето (категоријата до 72 килограми) минимално, со 3-2, го совлада Ала Алмахмуд од Украина. За најдобар техничар беше прогласен македонскиот репрезентативец Јасин Љама, најборбена двојка се Ростислав Билостоцки од Украина и Башким Бајоку од Косово, најуспешен тренер е Пол Бенет од Англија, а Милош Драшковиќ од Црна Гора е најдобар судија. Финалните дуели, кои се одржаа во малата сала во СЦ „Борис Трајковски“, изобилуваа со квалитетен бокс. На годинашново издание на „Златниот гонг“ учествуваа 60 боксери од 14 земји.


4 views

Comments


bottom of page