top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јубилеен хуманитарен концерт „Првите мои 20 во 30“ во Опера и балет

Хуманитарен двоен концерт со наслов „Првите мои 20 во 30“ ќе се одржи вечерва (2. октомври) во Национална опера и балет, со почеток 20 часот. Вечерва ќе се прославува 30-годишна уметничка и педагошка дејност на м-р Ерхан Шукри и 20- годишната успешна работа на Гудачки камерен оркестар „АРКО“. Настанот е од хуманитарен карактер.

Организаторите повикуваат да им се помогне на ранливата категорија на семејства. Со купените билети ќе бидат обезбедени ленти и глукомери за децата со дијабетес.

Предвиден е богат репертоар со врвни уметници, музичари, оперски пејачи, актери, а програмата ќе биде наменета за сечиј вкус: класика, оперски арии, балет, филмска музика, фламенго, рок, латино, преку ориентот до нашиот фолклор.

Премиерно за прв пат во Македонија ќе се слушне истанбулско класично кеменче со харизматичната Нагме Јаркин и панова фрула на атрактивниот Ајдн Јаваш од Турција.

Ќе настапат и баритонот Џемиљ Реџепи од Италија, сопранот Ивана Здравкова од Австрија, виолинистите Михајло и Момчило Куфојанкис, кралицата на харфата Мерсиха Шукри, виртуозот на мандолина Лазар Сандев, вокалистката Добрила Грашеска, актерот Никола Ристановски, мандолинскиот оркестар „Скопје“, детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, специјалниот гостин на концертот е Маестро Рамадан Шукри и диригентот Ерхан Шукри.


0 views

Comments


bottom of page