Јончевски си обезбеди клупски ангажман: Македонскиот селектор потпиша за Трепча
Александар Јончевски во наредниот период ќе биде зафатен на „два фронта“, бидејќи покрај тоа што останува да ја врши функцијата на селектор на македонската кошаркарска репрезентација, истовремено ќе биде и клупски тренер.
Актуелниот предводник на најсилниот машки тим се одлучи да ја прифати понудата која ја добил од Косово, а која му гарантира клупски ангажман најмалку до крајот на сезоната.
Јончевски ќе биде шеф на стручниот штаб на Трепча, клуб кој денеска ја информираше јавноста дека е постигнат договор со македонскиот стручњак.
За Јончевски ова ќе биде враќање на клупските обврски по етапата која ја имаше во Гостивар, а воедно ќе претставува второ интернационално искуство во кариерата.
Првото датира од 2017-та година кога македонскиот селектор беше тренер на Спартак од Суботица.
Comments