top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јончевски избра 12 играчи, Зеќири доби втора шанса да заигра за Македонија

Македонската кошаркарска репрезентација одработи два тренинзи во еден ден, а по оној вечерниот синоќа, селекторот Јончевски ги избра 12-те патници за двете гостувања во неколку дена.

Македонија најпрво ќе игра против Словачка во Левице, а потоа ќе отпатува за Осло и ја чека дуел со репрезентацијата на Норвешка во претквалификациите за Евробаскетот.

Јончевски не менуваше многу и ги избра речиси истите кошаркари на кои сметаше во последно време, со тоа што шанса сега добива и Лејсон Зеќири.

Лејсон пред речиси две години не возврати на повикот од Бајиќ и тогаш се доби впечаток дека не сака да игра за Македонија, но сега добива втора шанса и е еден од дванаесетмината кои ги избра Јончевски.

Кристијан Николов (Коњаспор), Андреј Магдевски (Донар), Војдан Стојановски, Дамјан Робев, Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (Темишвар), Ти-Џеј Шортс (Телеком Баскет Бон), Теодор Симиќ (Игокеа), Стојан Ѓуроски (Оуренсе), Лејсон Зеќири (Сигал Приштина), Андреј Маслинко (Пелистер), Страхил Николов (ТФТ Mozzart).

Во продолжение, слушнете какви очекувања има Зеќири пред најавеното деби за Македонија.



1 view

Comments


bottom of page