top of page

„Јон Вардар против галаксијата“ со награда на фестивал за научна фантастика во Мајами

26.03.2026 Mart Cetvrtok

Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски ја освои наградата за најдобар анимиран филм на Фестивалот за научно-фантастични филмови во Мајами (MiSciFi).

Се работи за еден од најзначајните жанровски фестивали во САД посветени на научната фантастика, фантазијата и хоророт.

„Јон Вардар против галаксијата“ досега беше прикажан на повеќе од 40 меѓународни фестивали, и освои 7 награди. Покрај кино-дистрибуцијата во Македонија, филмот беше прикажан и во кината во Бугарија и Унгарија. Од продукцијата најавуваат дека во наредниот период се очекува негова дистрибуција и во други земји.

Цветановски изјави дека ова признание има посебно значење за екипата: „Многу сум радосен што во последниве години македонскиот филм бележи значајни успеси и се позиционира сè поцврсто на меѓународната сцена. Ова е наша прва награда во САД, а се надевам дека до крајот на фестивалската кариера на филмот ќе имаме уште убави новости за споделување.“

Арт директор на филмот е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, продуцент е Алан Кастиљо, а главните улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.


 
 
 

Comments


bottom of page