Јокиќ ја дозна казната за инцидентот со сопственикот на Феникс
Никола Јокиќ имаше физички контакт со сопственикот на Феникс на четвртиот натпревар од плејоф серијата меѓу „сонцата“ и Денвер, а медиумите најавуваа дека е можно српскиот центар да заработи и суспензија од НБА.
Сепак, првата ѕвезда на Денвер сигурно ќе се појави и на петтата средба во серијата од западната конференција, бидејќи лигата одлучила да му изрече само парична казна.
Јокиќ сакаше да ја земе топката од рацете на Мет Ишбаја, по што го оттурна првиот човек на Феникс со лактот, а судиите му доделија техничка грешка.
Дисциплинците на НБА му доделија парична казна од 25.000 долари на Јокиќ, со што ѕвездата на Денвер избегна суспензија, која можеше сериозно да ги намали шансите на неговиот тим во серијата со Феникс.
Самиот Ишбаја побара од лигата да не му одредува дополнителна казна на Јокиќ, па се чини дека НБА најде компромис во однос на санкционирањето на инцидентот, иако кошаркарот сигурно нема да биде задоволен од ваквата одлука.
Comments