top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јокиќ со изјава за хоророт во Србија: Мислев дека немаме таков ментален склоп…..

Ужасната трагедија која се случи во училиште во Србија го потресе цел регион, па тоа несомнено се префрли и на спортските настани и емитувања кои ги имаше во оваа земја. Навивачите на Партизан не навиваа во текот на цело прво полувреме против Реал Мадрид од почит кон жртвите, српска „Арена“ не го пренесе ниту шампионското славје на Наполи поради деновите на голема жалост, а своите емоции не ги криеја ниту играчите од редовите на Партизан. Сепак, за српската јавност посебен впечаток остави изјавата на Никола Јокиќ од Америка, и тоа додека неговиот Денвер се подготвува за третиот меч против Феникс во полуфиналната серија. – Навистина ми е многу жал, не можам да се сетам дека се случило нешто слично во Србија. Жал ми е поради се, за се она низ што минуваат семејствата. Такви работи никој не сака да слушне, а кога се случуваат блиску до тебе, навистина е тешко. – Бев изненаден, мислев дека вакви работи нема во Србија, дека немаме таков ментален склоп, но испадна дека не е вистина. Тоа беа деца…… Треба да се грижиме повеќе за децата, ако на некој не му е добро, барем прашајте го „како е“, ако е некој тивок, прашајте го „како е“. Можеби тоа ќе помогне, – вели Јокиќ од Америка.


0 views

Comments


bottom of page