top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јокиќ отворено за подготовките за новата сезона: Одмарав само во недела

Никола Јокиќ имаше супер почеток на новата сезона во НБА лигата, забележа трипл-дабл учинок во триумфот на неговиот Денвер Нагетс над Анџелес Лејкерс со 119:107. Центарот продолжи каде што застана минатата сезона, поточно „испука“ 29 поени, 13 скокови и 11 асистенции и со тоа стана трет играч кој како актуелен МВП (финалната серија) кој имал ваков старт на една кампања по Меџик Џонсон и Леброн Џејмс. -Мислам дека ги контролиравме случувањата на теренот во текот на целиот натпревар. Мислам дека имавме повеќе енергија, дека церемонијата ни даде дополнителна сила. Имавме своја ноќ, првото полувреме беше неверојатно, потоа изгубивме малку енергија, но на крајот од натпреварот бевме многу добри и победивме, -истакна Јокиќ за кого доста се зборуваме минатово лето со оглед на тоа што се појавија доста видеа на кои тој се забавува оставајќи ја кошарката во втор план. Меѓутоа реалноста е други и Србинот обелодени дека имал зацртан план и дека постојано бил во теретана, поточно одмарал само во неделите. -Во текот на летото бев во теретана, ги прескокнував само неделите. Го подготвував телото за сезоната. Мислам дека нашето тело е алатка и ако не е подготвено, нешто ќе се случи, ќе се повредите. Не прескокнував ниту еден ден од тренингот, можеби малку на теренот, некој ден, месец или два месеци, -порача асото на Нагетс.


0 views

Comments


bottom of page