top of page
Search

Јокиќ одигра неверојатна партија за голема предност, шоуто го украде неговата мала ќерка (Видео)

Во натпревар во кој се играше цврста одбрана и во кој имаше борба за секоја борба, Денвер повторно го одбрани домашниот терен и поведе со 2:0 во серијата со Феникс, па сега е на добар пат од обезбедување на конференциско финале.

Нагетси играат брилијантна кошарка цела сезона, но ако претходно често потклекнуваа во плејофот, засега изгледаат навистина зрело и тоа го презентираат и на првите два меча со Санси.

Никола Јокиќ денеска имаше партија за паметење и го водеше својот тим до втор триумф пред серијата да се пресели на гостински терен, но шоуто сепак го украде неговата мала ќерка Огњена.

Србинот запиша 39 поени и 16 скокови во победата од 97:87 и беше убедливо најдобар во својот тим, па со овој учинок не се почувствува скромната партија на Џамал Мареј кој уфрли само 10 поени.

Јокиќ беше доста расположен по крајот на средбата во „Бол арената“, но сепак до израз дојде неговата мала ќерка која испрати интересна гестикулација до својот татко.

Американските медиуми направија интересна симболика и алудираат на шампионскиот прстен, единственото нешто што му недостасува на Јокиќ до оваа фаза од кариерата.


0 views
bottom of page