top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јокиќ најде решение и за Голден Стејт, Кари за малку ќе ги казнеше неговите грешки во финишот (Видео

Никола Јокиќ го одведе Денвер до ефект 8-1 на стартот на новата НБА сезона, а до најновата победа шампионот стигна во дуелот со Голден Стејт предводен од Стеф Кари.

Српскиот центар го заврши натпреварот со 35 поени, 13 скокови и 5 асистенции, а на теренот мораше да помогне и што помалку да се почувствува отсуството на повредениот Џамал Мари.

Денвер успешно се носеше со екс-шампионот, но во финишот Кари доби две шанси за да го одведе дуелот во поинаков правец и тоа токму од Јокиќ. Прво пресече едно негово додавање и постигна тројка, а потоа следуваше напад во кој Јокиќ промаши две слободни фрлања на плус два за Денвер. Домаќините имаа среќа бидејќи во следниот напад Кари не погоди за израмнување и продолжение.

Шарлот – Вашингтон 116:132 Индијана – Јута 134:118 Филаделфија – Бостон 106:103 Бруклин – Л.А Клиперс 100:93 Њујорк – Сан Антонио 126:105 Чикаго – Фeникс 115:116 Хјустон – Л.А Лејкерс 128:94 Мемфис – Мајами 102:108 Милвоки – Детроит 120:118 Минесота – Њу Орлеанс 122.101 Оклахома – Кливленд 128:120 Далас – Торонто 116:127 Денвер – Голден Стејт 108:105 Сакраменто – Портланд 121:118



1 view

Opmerkingen


bottom of page