Search
Јокиќ доминираше на паркетот, па го украде шоуто и надвор од теренот: Ова не е мојот Божиќ
Никола Јокиќ беше празнично расположен за време на божиќното коло во НБА лигата и натпреварот против Феникс го заврши со 41 поени, 15 скокови и 15 асистенции.
Србинот имаше улога како „Дедо Мраз“ и беше најдобра потпора за своите соиграчи кои на крајот победија по дополнителни 5 минути игра, но шоуто го украде и по крајот на натпреварот.
Јокиќ доби признание од новинарите за блескавата игра и победата од 128:125, но сепак и поздрави еден од претставниците на седмата сила.
Новинарот му посака „среќен Божиќ“ на Јокиќ, по што српскиот кошаркар му порача дека неговиот Божиќ не е сега.
– Ова не е мојот Божиќ, но среќен Божиќ за вас.
Comments