Јокиќ доби нов тренер: Денвер експресно информираше кој ќе го води тимот до крајот на сезоната (Фото)
- Aleksandar Santovski
- 2 days ago
- 1 min read
09.04.2025 April Sreda
Денвер донесе две тешки одлуки во период од само еден час и означи крај на соработките со тренерот Мајк Мелоун и генералниот менаџер Калвин Бут, па во моменти кога цела спортска Америка пишува за повлечените потези, франшизата од Колорадо информираше и кој ќе го води тимот до крајот на сезоната.
Нагетси играат топло-ладно од стартот на сезоната и имаа неколку разочарувачки резултати во последно време, но серијата од четири победи во низа направија Мелоун да ја загуби работата после цели 10 години.
Педантниот Мајк беше симбол за Денвер изминатава деценија, но од денеска неговата задача во првиот тим ќе ја извршува Дејвид Аделман.
Водечките луѓе на Денвер информираа дека Аделман ќе го води тимот во најмала рака до крајот на сезоанта, а појаснуваат дека тешката одлука за разделбата со Мелоун и Бат е донесена за да му се даде шанса на тимот да бори за титулата.
Очиглендо, во раководството верува дека овој тим може да го подигне нивото во плејофот, па се надеваат дека тренерската смена ќе предизвика позитивен шок кај Никола Јокиќ и останатите.


Comments