Јокиќ го изнервира Дурент, Кеј-Ди го оттурна и заработи техничка грешка (ВИДЕО)
- Aleksandar Santovski
- May 10, 2023
- 1 min read
Денвер Нагетс го совлада Феникс Санс во петтиот меч од полуфиналната серија на Западот и со тоа дојде на чекор од конференциско финале.
Ова беше дуел кој домаќините заслужено го добија, средба во која лидер беше Никола Јокиќ кој забележа трипл-дабл учинкот. Меѓутоа Јокиќ и на овој меч беше вклучен во еден „инцидент“ во кој едноставно го намести Кевин Дурент да добие техничка грешка.
Гостинскиот тренер Монти Вилијамс сакаше да им подели по некој совет на своите соиграчи додека Девин Букер се спремаше да шутира слободни фрлања, меѓутоа Брус Браун и Никола Јокиќ се обидуваа да видат што се црта на таблата, сакаа да дознаат информација плус, па Кеј-Ди се изнервира и го оттурна Србинот кој додаде нешто плус во овој контакт за кој судиите решија да го „наградат“ асот на „сонцата“.

תגובות