top of page

Јокиќ го изгуби МВП трофејот и ја изнасмеа цела Америка

Никола Јокиќ е најскромниот освојувач на МВП титулата и шампионскиот прстен во НБА лигата, а тоа го заклучија многу американски новинари кои овие денови имаа можност да го интервјуираат Србинот.

Фантастичниот центар на Денвер го предводеше својот тим до прва титула во НБА лигата со историски изданија во текот на целиот плејоф, но најдоброто го сочува за самиот крај и едноставно беше несопирлив во финалето.

Јокиќ доби двојна награда по петтиот меч и покрај шампионскиот прстен го доби и МВП трофејот, на кој сепак не му обрнал преголемо внимание.

Новинарката Малика Ендрјуз заклучи дека тој е првиот МВП играч кој дошол без трофејот кај нејзе на интервју, по што „Џокерот“ откри дека не знае каде точно му е признанието.

– Навистина не знам каде ми е трофејот. Го оставив во собата на Спарки (економот на Денвер), а после тоа не беше таму. Навистина не знам каде е, но се надевам дека ќе ми биде доставен дома, – низ смеа изјави Јокиќ.

Новинарката Ендрјуз самата се погрижи да дознае што се случило со МВП трофејот, но најдобро е што има позитивни вести на оваа тема.

– Долгогодиншниот економ на Нагетс, Спарки Гонзалес го исчистил трофејот и го подготвил за шампионската парада во четврток, – објави Малика.


 
 
 

Comments


bottom of page