Јокиќ влезе во маркет во Босна по пиво, продавачката не го препозна: Леле сине колкав си, ти си само
Јокиќ влезе во маркет во Босна по пиво, продавачката не го препозна: Леле сине колкав си, ти си само за кошарка (Видео)Никола Јокиќ ужива во летниот одмор во својот Сомбор, но повремено посетува и други дестинации на Балканот, од кои последна на неговата карта се нашла Босна.
Доказ за тоа е видеото кое го објави еден познат маркет од оваа земја, а кое стана вирално поради опуштеноста на големата НБА ѕвезда, но и коментарот на продавачката.
Случката е снимена во градот Горажде, каде Јокиќ заедно со своите пријатели влегол да купи неколку освежителни пијалоци, но и пиво.
Големата НБА ѕвезда веднаш се забележува на камерата поставена во маркетот, но видеото стана регионален хит поради коментарот на продавачката која очигледно не следи кошарка.
– Леле сине колкав си, ти си само за кошарка…..
Comments