Јовиќ со прва реакција по ждрепката: Гордо и достоинствено ќе ја претставиме Битола и Македонија во
Јовиќ со прва реакција по ждрепката: Гордо и достоинствено ќе ја претставиме Битола и Македонија во ЛШ
Составот на Еурофарм Пелистер ги доби ривалите за првата фаза на Лигата на шампионите, фаза во која за противници ќе ги има Кјелце, Пари Сен Жермен, Кил, Алборг, Пик Сегед, ППД Загреб и норвешки Колстад.
Ова се екипите со кои македонскиот првак ќе ги одмери силите и тоа почнувајќи од средината на месец септември, па се до почетокто на месец март.
Нема воопшто да биде лесно затоа што ова е група во која е европскиоот вцепрвак Кјелце, потоа гигантот Кил, ПСЖ кој долго време вложува средства и се обидува да ја покори Европа, тука е ѕвездениот тим на Алборг, секогаш квалитетниот Пик Сегед, но и Загреб кој постојано е во елитата, додека како еден аутсајдер може да биде Колстад, меѓутоа добро знаеме како играат скандинавците.
-Ни претстои сезона во која треба да уживаме и гордо и достоинствено да ги претставиме клубот, Битола и Македонија во европската елита. Ние сме во фаза на градење на екипата која ќе игра во Лигата на шампионите и прва мисија ни е да изградиме компетитивен тим. Убеден сум дека со страст, борбеност и квалитет скапо ќе ја продадеме кожата и достоинствено ќе се претставиме, -порача тренерот Александар Јовиќ во првата изјава по ждрепката во Виена.
Comments