top of page
Search

Јовиќ погоди во последната секунда, Србија остана во игра за пласман во нокаут фазата (ВИДЕО)

Селекцијата на Србија во последен час, последна секунда избегна пораз од Словенија во балканското дерби во групата Ц на Европското првенство.

Избраниците на Пикси беа во негатива од 1-0 се до 95 минута кога по корнерот што го изведе Илиќ, најдобро се снајде напаѓачот на Милан и со глава ја смести топката во мрежата на Облак за конечни 1-1.

Со оглед на создадените шанси Србите не заслужија пораз во Минхен, па со овој резултат остануваат во игра за место во нокаут фазата.

Инаку погодокот за Словенците беше дело на Карничник во 65 минута.

Четата на Кек сега има 2 бода, Србија 1 исто како и Данска која допрва денеска ќе ги одмери силите со Англија.




0 views

Comments


bottom of page