top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јовиќ му одржа кошаркарска лекција на Јанис, Гркот заврши на земја

14.02.2024 Februari Sreda

Никола Јовиќ ја дочека својата ѕвездена ноќ во НБА лигата и ја одигра најдобрата партија во својата кариера, бидејќи 20-годишниот Србин блескаше во секоја смисла на зборот на утринскиот меч против Милвоки.

Мајами одигра перфектен меч на тимски план и неочекувано лесно ги декласираше „елените“ на нивни терен со 97:123, а интересно најобар играч на паркетот беше Јовиќ.

Никола обично не е во прв план кај тренерот Сполстра и имаше одиграно само две минути на последните седум натпревари, но против Милвоки доби 30 и покажа за што е способен.

Јовиќ беше импресивен во двата правци и му помагаше на тимот на различен можен начин, бидејќи покрај тоа што беше најефикасен на паркетот со 24 поени, одигра и извонредна одбрана против Јанис.

Србинот дефинитивно ја доби битката со Гркот и еднаш ѕвездата на Милвоки заврши и на земја, но Јовиќ воодушеви со начинот на кој се бранеше од нападите на популарниот „Грик Фрик“.

– Не е лесно да се игра против Јанис, тој со причина беше двократен МВП играч во НБА лигата. Дадов се од себе, но не бев сам. Соиграчите ми го чуваа грбот и некако успеавме да го анулираме. Не може да го чувате „еден на еден“, потребно е целиот тим да биде вклучен и дефинитивно добив помош да се справам со него. Мислам дека пројдовме многу добро, – изјави Јовиќ по победата.


1 view

Comments


bottom of page