Јовановски ќе го засили стручниот штаб на Вардар
- Aleksandar Santovski
- 2 days ago
- 1 min read
27.06.2025 Juni Petok
Вардар 1961 веќе го има формирано ростерот за натпреварувачката 2025/2026, но сега работи за комплетирање на стручниот штаб кој ќе биде предводен од легендарниот Иван Чупуќ.
Чупиќ прифати да биде нов тренер на „црвено-црните“, поточно наследник на Гилјермо Милано кој беше отпуштен откако клубот во последното коло остана без пехарот во домашниот шампионат.
Познато е дека Марио Келентриќ ќе буде тренер на голманите, додека Вардар денеска информираше дека Матеј Јовановски е избран за нов кондициски тренер.
Тој има искуство во одбојката и кошарката. Бил задолжен за физичката подготвеност на екипите на Форца волеј, Јанта волеј за да потоа се префрли на кошарката каде бил задолжен за сениорската женска репрезентација на Македонија, за репрезентацијата до 18 години која играше на ЕП, па и за мажите до 20 години кои играа на машкото ЕП во А дивизијата.
Имал ангажман и во екипата на ТФТ од Скопје каде работел со сениорскиот тим и со младите категории.

Comments