top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јовановски: Врвен фудбал, без фаворити за титулата

ОД СТРУЧЕН АГОЛ

Пријатно сум изненаден од квалитетот на прикажаната игра во досегашниот тек на ЕП. Речиси сите репрезентации покажаа, како со игрите така и со резултатите, дека заслужено се на финалниот турнир. Потврда за тоа е пласманот на некои меѓу најдобрите осум, како третопласирани во групите (Швајцарија, Чешка, Украина, н.з.), како и елиминациите на некои од фаворитите, на пример Португалија, Франција, Германија. Имаше многу израмнети натпревари во групната фаза, а кулминацијата следуваше во осминафиналето, во кое видовме многу квалитетни, возбудливи и резултатски неизвесни мечеви. Очекувам така да продолжи и натаму, ништо не би ме изненадило кога станува збор за тоа кој ќе игра во финалето и кој ќе победи. Италија и Англија играат добро, цврсто, компактни се, Белгија исто така, па и Чешка, Данска, никој не се издвојува, сѐ е подредено на тимската игра. За мене по малку изненадувачка е играта со тројца играчи во задната линија, со бекови-крила, што ја форсираат Англија, Германија и други репрезентации. Очигледно е дека селекторите можат да ги менуваат формациите затоа што на располагање имаат врвни играчи што се употребливи на повеќе позиции, помагаат при нападите и умешно се бранат. Не навивам за ниедна репрезентација, навивам за добар, квалитетен фудбал каков што гледавме досега и посакувам така да биде до крајот, вели Ѓоре Јовановски, поранешен фудбалер на Вардар и на Црвена звезда, поранешен селектор на Македонија и истакнат тренер на повеќе македонски и странски екипи.


1 view

Comments


bottom of page