Јаја Туре го напушти Стандард и му стана помошник на свој поранешен тренер
Јаја Туре последните години е посветен на својата тренерска кариера и се обидува да го добие потребното искуство, со чија помош во иднина би можел да остварува резултати слични на тие од периодот кога беше професионален фудбалер. По неколку тренерски ангажмани и последниот во редовите на белгиски Стандард, поранешната ѕвезда на Барселона и Манчестер Сити решила да прифати нов предизвик. Туре ќе стане дел од стручниот штаб на Роберто Манчини во Саудиска Арабија и ќе му помага на Италијанецот во водењето на националниот тим на амбициозната азиска земја. Манчини му беше тренер на Туре во Сити и двајцата одлично соработуваа, па очигледно е дека Манчини сака да му помогне и во рамките на тренерскиот развој. Пред неколкумесечниот престој во Стандард, Туре работеше и во Украина и Русија, односно во младинската академија на Тотенхем.
Comments