top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јаховиќ стави крај на репрезентативната кариера: Не е лесно да се каже збогум, но сега е време за то

Јаховиќ стави крај на репрезентативната кариера: Не е лесно да се каже збогум, но сега е време за тоа Искусниот македонски интернационалец, Адис Јаховиќ одлучи да и стави крај на репрезентативната кариера.

Членот на турски Бодрумспор смета дека не е во можност вистински да одговори на репрезентативните обврски и затоа смета дека е чесно да стави крај на оваа приказна, односно да дозволи некои помлади момци да добијат шанса и да настапуваат и ги бранат боите на националниот тим.

–Да настапуваш во дресот на македонската репрезентација е исполнување на детскиот сон. Токму затоа воопшто не е лесно да се каже збогум, но сега е време за тоа. Не само заради мене, туку и поради репрезентацијата, соиграчите и селекторот.

Чувствувам дека повеќе не сум во можност на вистински начин да одговорам на репрезентативните обврски и сега е време чесно да го соопштам тоа.

Би сакал да се заблагодарам на сите соиграчи од репрезентацијата и целиот стручен штаб. Благодарност за селекторот Благоја Милевски за соработката и целата поддршка. Минавме и тешки и радосни моменти. Спомените ќе ги чувам засекогаш.

Во оваа репрезентација има талент и квалитет. Убеден сум дека ќе продолжат да напредуваат и да ја радуваат македонската спортска јавност. Оваа генерација на македонски фудбалери зад себе веќе има големи резултати и се што треба е да продолжат да даваат се од себе на секој натпревар за Македонија. Во победа или пораз, навивачите тоа го ценат.

Јас секогаш ќе бидам поддршка за тимот и цела репрезентација.

Напред Македонија, –порача 35-годишниот Адис кој своето деби репрезентацијата го имаше во 2012 година на дуелот против Словенија.


1 view

Yorumlar


bottom of page