top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јаховиќ е повратник во репрезентацијата за септемвриските мечеви

26.08.2021 Avgust Cetvrtok

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, попладнево го објави списокот на повикани фудбалери за септемвриските квалификациски натпревари за Светското првенство, што ќе се одржи во Катар в година.

По долги години во составот ќе го нема Горан Пандев кој се прости од националниот тим по Европското првенство, а во селекцијата се враќа Адис Јаховиќ.

Поради повреда во списокот не се најде ниту Илија Несторовски од Удинезе, додека Бобан Николов и Аријан Адеми се на списокот, но се уште се под знак прашање. Првиот е позитивен на ковид-19, а капитенот на Динамо Загреб е повреден.

Список на фудбалери

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Валјекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Дејан Илиев (Серед, Словачка) и Ристе Јанков (Работнички).

Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Риека, Хрватска), Висар Муслиу (Мол Види, Унгарија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (Ал Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Раднички Ниш, Србија), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Ѓоко Зајков (Левски, Бугарија) и Никола Серафимов (Залаегерсег, Унгарија).

Среден ред: Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајсериспор, Турција), Бобан Николов (Шериф Тираспол, Молдавија) и Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска)

Напад: Адис Јаховиќ (Гестепе, Турција), Милан Ристовски (Спартак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Дарко Чурлинов (Шалке, Германија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија)

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 29 август во хотел „Хилтон“ во Скопје. Македонија на 2 септември ја пречкува Еремнија, на 5 септември му гостува на Исланд, а три дена подоцна е домаќин на Романија.


2 views

Comments


bottom of page