Јапонија се откажа од домаќинството на клупскиот Мундијал
Фудбалскиот сојуз на Јапонија (ЈФА), се откажа од организацијата на натпреварите на Светското клупско првенство, кое на програмата е од 9. до 19.декември.
Агенцијата „Кјодо њуз“, објави дека ЈФА биле загрижени од ограничувањата што ги предизвикала пандемијата на коронавирусот. Јапонците, верувале дека дуелите на клупскиот Мундијал ќе се играат пред публика. Меѓутоа, бидејќи е извесно дека поради мерките што владеат во Јапонија, навивачи нема да има, а со тоа нема да има ниту финансиска добит, ЈФА ја известиле ФИФА дека се откажуваат од организацијата.
ФИФА сега мора да најде нов домаќин. Минатата година, Светското клупско првенство се одржа во Катар.
Досега е познато дека на клупскиот Мундијал ќе учествуваат шампионите на Европа, Океанија и Африка: Челси, Оукланд и Ал Ахли. Доправа ќе бидат познати шампионите во КОНКАКАФ зоната, Јужна Америка и Азија
Yorumlar