Јапонија постави нов рекорд во брзината на интернетот
23.07.2021 Juli Petok
Техно
Научниците од јапонскиот национален институт за информатичка и комуникациска технологија соборија рекорд во брзината на пренос на податоци преку интернет. Јапонците постигнаа брзина на интернет од 319 терабајти во секунда, што е речиси двојно побрзо од претходниот рекорд поставен од британските и јапонските научници во август 2020 година, што беше 179 терабајти во секунда. NICT постави нов рекорд подобрувајќи ја буквално секоја фаза од синџирот. Притоа било користено оптичко влакно со четири наместо едно јадро, како и засилувачи. Таквиот вид оптичко влакно може да се користи и за постојните системи, но тоа може да биде многу скапо. Преносот на податоците бил извршен на должина од 3.001 километар. Научниците планираат да го зголемат опсегот на прекуокеанските растојанија.
Comments