top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Јана Манева-Чупоска изложува во Нови Сад

22.10.2021 Oktomvri Petok

Изложбата на цртежи и колажи на Јана Манева-Чупоска со наслов „Љубовници во пандемија“ се претставува во Националниот музеј на Војводина во Нови Сад, Србија. Изложбата се состои од четириесет дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника: молив, јаглен, акрил и темпера.

Авторката е инспирирана од актуелната состојба со пандемијата на коронавирусот, што во негативна насока целосно го промени начинот на животот кај луѓето. Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потребата за враќање на животот во нормална насока.

Преку фигуративните композициски ликовни претстави, ликовната уметница Јана Манева-Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во времето на корона-кризата. Таа ја нагласува љубовта како ликовен симбол што во овие дела дава надеж дека сепак љубовта ќе го спаси човештвото.

Изложбата минатата година беше поставена во Националниот музеј во Херсон – Украина.


1 view

Comments


bottom of page