Јамал планирал да го истрола Мбапе по полуфиналето со Франција, но не добил дозвола од „пи-ар“ менаџерот
12.07.2024 Juli Petok
Ламин Јамал постигна спектакуларен гол во полуфиналето со Франција и ја врати Шпанија во игра, па неговото ремек-дело се покажа како инспирација за победнички пресврт на „фуријата“.
Шпанија постигна уште еден гол преку Дани Олмо и се пласираше во ново финале на Европските првенства, но покрај тоа што беше расположен за игра, Ламин по крајот на оваа средба беше инспириран за провокации.
Младата ѕвезда на Барселеона експресно му одговори на Адриен Рабио кој даде потценувачка изјава за Јамал пред полуфиналето, но всушност Ламин имал план да го истрола и Килијан Мбапе.
Јамал се појавил во микс-зоната со нинџа-желка маска, но човекот одговорен за пи-ар во шпанската Федерација не дозволил Ламин да даде изјава онака какошто замислил.
На видеото добро се гледа дека Ламин се насмевнува во моментот кога му е одземена маската, па јасно е дека имаше желба да му фаќа сеир на уште еден француски фудбалер по победата од 2:1.
Comments