top of page

Јакин незадоволен: На овој терен не може да се игра фудбал…

Sep 25
1 min read

25..09.2026 Septemvri Petok

допатува во Скопје каде утре од 20:45 часот ќе ги одмери силите со македонската репрезентација во Лигата на нации.

Швајцарците ќе бидат без неколку важни играчи за овој меч како капитенот Џака и напаѓачот Емболо, но без разлика на тоа важат за огромни фаворити и нивната цел е да ги освојат трите бода.

-Имаме доволно квалитет и кај поискусните и кај помладите играчи. Од самиот почеток ќе играме на победа. Нема лесни противници и секого го сфаќаме сериозно. Истото ќе биде и со Македонија. Ќе има еден или двајца нови играчи во тимот. Младите фудбалери мора да се интегрираат, -порача селекторот Мурат Јакин кој не е задоволен од состојбата на теренот на нашиот најголем стадион.

-Кога видовме дека тревата е висока седум сантиметри, бевме среќни што трениравме во Турција. Ќе бев задоволен ако тревата беше искусена, на овој терен не може да се игра фудбал, -порача Јакин.


 
 
 

Comments


bottom of page